Бестселерот „Вселенски ангели“ од исландскиот писател Ејнар Мар Гудмундсон е објавен на македонски јазик, во издание на „Бата прес“.
Овој роман, кој во 1995 година ја доби првата награда на Нордискиот совет за книжевност е преведен на 33 јазици во светот. Според романот е снимен и филм.
Паул е чувствителен младич со уметничка душа. Откако неговата девојка ќе го остави, тој ќе полуди. Додека се губи некаде помеѓу разумот и срцето и полека тоне во депресија, неговото семејство ќе го однесе во душевна болница.
Ејнар Мар Гудмундсон е роден во 1954 година. Тој е еден од најпреведуваните современи писатели од Исланд. Започнал да објавува поезија во осумдесеттите години на минатиот век, а потоа во периодот од 1982 до 1986 година го издава познатиот роман – трилогија за развојот на урбаната култура во Рејкјавик („Витезите од спиралните скалила“, „Шумот на крилјата во олуците“ и „Епилогот на дождовните капки“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски


