| четврток, 6 декември 2018 |

Винстон Черчил бил сигурен дека постојат вонземјани

Новооткриен есеј напишан од Винстон Черчил открива дека тој верувал во можноста за живот на други планети.

Во 1939-тата година избувна Втората светска војна и Винстон Черчил напишал научна статија во која тој ги изразува своите ставови за веројатноста на вонземски живот. 11 страници долгиот есеј најверојатно бил наменет да се објави, бидејќи бил преправан и дополнуван во 1950-тите но никогаш не го објавиле.

Во 1980-тите есејот бил предаден во музејот во САД кадешто седел се до неговото повторно откривање минатата година. Есејот го откриле во Националниот музеј Черчил во Фултон, Мисури, од страна на новиот директор на оваа институција, Тимотеј Рајли. Г-дин Рајли потоа му го предал есејот на израелскиот астрофизичар и писател Марио Ливио кој ја опишува содржината на есејот во најновиот број на магазинот Nature.

Интересот нa Черчил за науката е добро познат – тој беше првиот биртански премиер кој вработи советник за наука, Фредерик Линдеман, и редовно се состануваше со научници како Сер Бернард Ловел, пионер на радио астрономијата.

Овој документ за научната заедница делумно е поврзан и со војната, но најмногу заслужен е за финансирање на Велика Британија со лаборатории, телескопи и развојот на технологијата што предизвика повоени откритија во областите од молекуларната генетика до Х-зраците и кристалографијата.

И покрај ваквата позадина на есејот, д-р. Ливио го опиша откритието на есејот како “големо изненадување.” Тој го изјави следното за програмата на BBC – Inside Science “Би сакал да видите нешто” врачувајќи им копија од овој есеј на Черчил со наслов “Дали сме сами во вселената? (Are We Alone in the Universe?)” на што одговорот кој следувал е “Што? Зарем Черчил пишувал за нешто вакво?”…

Д-р Ливио вели дека воениот лидер расудува како научник во врска со веројатноста за живот на други планети. размислување Черчил отсликува многу современи аргументи во Астробиологија – меѓу кои и проучување на можноста за живот на други планети. Во овој есеј поранешниот премиер се базира на принципот на Коперник – идејата дека човечкиот живот на земјата не би требало да биде и единствениот живот со оглед на пространоста на вселената.

Черчил го карактеризира животот како способност “да се размножуваме и шириме нашата раса” и ја истакнал виталната важност на вода во течна состојба, објаснувајќи: “сите живи организими кои ни се познати имаат потреба од вода.”

Повеќе од 50 години пред откривањето на екстрасоларни планети, тој размислил за можноста дека други ѕоѕвездија би можеле да имаат планети, заклучувајќи дека голем дел од овие далечни светови “ќе бидат доволно големи за да нивната површина има пространства од вода и можеби атмосфера од некаков вид.” Тој исто така претпоставил дека некои од нив најверојатно се “на точна дистанца од нивното “сонце” за да одржуваат соодветна температура.”

Черчил исто така го наведува она што денес научниците го опишуваат како “погодна за живеење (habitable)” или “Goldilocks” зона – тесен регион околу ѕвезда кадешто не е ниту премногу ладно ниту пак премногу топло за живот.

Точно, есејот предвидува многу можности за истражување на Сончевиот систем. “Еден ден, најверојатно и во не така далечна иднина, ќе биде можно да се патува на Месечината, па дури и на Венера или Марс,” пишува Черчил.

Но политичарот заклучил дека Венера и Земјата сега за сега се единствените познати места во Сончевиот систем способни да развијат живот, додека ние денес знаеме дека ледените месечини околу Јупитер и Сатурн се нови цели на науката кои ветуваат надчовечка биологија. Како и да е, ваквите обзервации му се простуваат со оглед на постоечките научни сознанија од тоа време кога го пишувал есејот.

Очигледно мислејќи на вознемирувачките настани кои тогаш започнале да се одвиваат во Европа, напишал: “Јас не сум неизмерно импресиониран од успехот на нашата цивилизација тука за да би можел да размислувам дека токму ние сме единственото место во овој огромен универзум кое содржи живи, интелигентни суштества, или пак дека токму ние сме највисок тип на ментален и физички развој кој некогаш се појавил на огромниот компас на просторот и времето.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top