| четврток, 6 декември 2018 |

EK: Каталонија и Косово не се споредуваат, Шпанија е членка на ЕУ

Европската комисија која го прогласи референдумот во Каталонија за неуставен, тврди дека не се споредуваат случаите на шпанската покраина Каталонија и српската Косово и Метохија

Европската комисија денеска ја потврди својата позиција дека референдумот за независност на Каталонија, што се одржа вчера во тој шпански регион, не е во согласност со Уставот на Шпанија.

Портпаролот на ЕК Маргаритис Схинас повика на дијалог, при што одби да посочи, кој е одговорен за насилството во Шпанија, при кое беа повредени над 800 лица.

– Референдумот според шпанскиот устав не е легитимен, рече портпаролот на Комисијата, додавајќи дека каталонското прашање е „внатрешна работа на Шпанија“.

Освен тиа, наведено е во соопштението, „Шпанија е земја-членка на ЕУ“.

„Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше исклучително специфичен контекст. Таа позиција беше усвоена со различни декларации на ОН и резолувии на ОН и на меѓународната заедница. Многу специфичен контекст, со специфични причини“, изјави портпаролот на ЕК, но не објасни за кои декларации и ОН се работи ниту во што се состои „специфичноста“ на косовскиот случај.

„За ЕК ова е внатрешно прашање на Шпанија, кое мора да се решава во согласност со уставните закони на Шпанија. Ја повторуваме позицијата која ја имаале и оваа и претходната ЕК, а тоа е дека во случај овој референдум да е организиран во соглсност со шпанскиот устав, територијата која заминува би се нашла надвор од ЕУ“.

ЕК порачува дека е време за „единство и стабилност, а не за поделби и фрагментиации“.

„Ги повикуваме сите релевантни играчи што е можно побрзо да се префрлат од конфронтации на дијалог. Насилството никогаш не може да биде инструмент во политиката. Веруваме дека премиерот Маријано Рахој ќе го реши овој комплициран процес со почитување на Уставот на Шпанија и фундаменталните права на граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top