Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначелник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски денеска ги посети пензионерите од Домот за стари лица во Припор. Тој се дружеше со нив, разговараше за се она што им е потрбно и нагласи дека не смееме да ги заборавиме луѓето од кои научивме многу у сеуште учиме.
-На нашиот стремеж кон иднината никако не смееме да заборавиме на минатото. Не смееме да дозволиме и да заборавиме на оние кои не донесоа на овој свет. На оние од кои научивме многу и сеуште учиме. Не смееме да заборавиме на нашите родители кои секогаш беа тука за нас. Сега сме ние на ред да им се оддолжиме и нивната старост да ја направиме достоинствена и удобна. Затоа во нашата програма предвидуваме повеќе мерки токму за нив, нашите родители, пензионерите. Активирање на пензионерски клубови, бесплатна телефонска линија за помош, волонтерска помош од младински клубови за тешко болни и неподвижни пензионери кои живеат сами во извршување на секојдневните обврски , бесплатни екскурзии, бесплатен интернет во пензионерските клубови, бесплатни обуки за компјутери, изградба на пензионерски катчиња во парковите со шаховски и пинг-понг маси, прогласување на 11 октомври за ден на пензионерите во Кисела вода, рече Тарчуловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тарчуловски: Пусти желби, како може Заев да амнестира кога нели судството е независно?
-
Тарчуловски и Пешевска дојдоа на распит во судот
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
Јохан Тарчуловски: Да ги прескокнеме сите политички бариери, судбината на државата се решава на овие избори