Државата со СДС оди кон пропаст. Животот кој го ветуваа дојде, само за функционерите на СДС и пајташите на Заев, за сите останати е беда и сиромаштија. Владата нема план, уште помалку волја да решава проблеми. За само 4 месеци, СДС ја доведе македонската економија пред колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се вели дека неспособното раководство на СДС на чело со Зоран Заев, за краток период додека се на власт, успеа државата да ја доведе на работ пред банкрот.
-„Планот за живот” на СДС на граѓаните им ветуваше просечен раст на економијата од 5% годишно, но наместо тоа само за првите четири месеци имаме пад на бруто-домашниот производ за 1,8%. Ветуваа просечна плата од 500 евра, но лошите економски политики кои ги водат, допринесоа за пад на просечната бруто плата два месеци по ред. Трошењето на 420 милиони евра пари граѓаните на ветер и магла, а не на реални и развојни проекти за државата, резултираше и со пад на индустриското производство за 5.3%, и пад на извозот за 12%, што суштински резултира со помалку пари за компаниите и индиректно значи помалку нови работни места и повисоки плати за работниците, се вели во партиското соопштение.
Од партијата велат дека помалку профит за компаниите, директно повлекува помалку пари во касата на државата за нови инвестиции кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Помалку пари за нови болници, нови градинки и нови патишта.
-Политиката на намерно блокирање на изградба автопатите и други, капитални инвестиции, само затоа што започнало да ги гради или изградило ВМРО-ДПМНЕ, имаше влијание и на двоцифрен пад на производството во градежниот сектор кој е еден од главните двигатели на македонската економија, од кој зависат вработувања на илјадници и илјадници градежни работници. Деструктивната политика која СДС и Заев ја имаа кон странските инвеститори, донесе нула нови странски инвестиции, пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра и ги натера инвеститорите да размислуваат да си одат од државата, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека севкупната лоша економска состојба во државата се одрази и на работењето на банките, каде Народната банка констатираше пад на активноста на банките за 1.6%,што значи дека компаниите се помалку бараат кредити, но и се потешко добиваат кредити.
-СДС ветуваше „Живот за сите” повеќе пари за сите во нивните семејните буџети, но донесоа само поголема сиромаштија за сите граѓаните во државата. Економскиот пустош кој и го направија на државата, граѓаните го чувствуваат на своја кожа и поради ваквите неодговорни политики, СДС ќе биде убедливо поразен на претстојните локални избори, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата