Македонија се наоѓа пред нов предизвик, нови локални избори. Сакам да потсетам дека нечие ветување нема рок на траење ни 5 минути, а тетовчани не го заслужуваат и не го забораваат тоа, но ВМРО-ДПМНЕ секогаш е присутна меѓу народот, истакна Горан Манојловски, кандидат за градоначалник во Тетово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
-Оваа програма која ја презентираме пред вас е од вас. Оваа програма е реална и издржана. Имаме проект за изградба на постројка за секундарна селекција на отпад во Тетово, со реализацијата на овој проект конечно би се решил повеќегодишниот проблем со загадувањето на средината и воздухот во Тетово, како и решавање на проблемот со транспортот на отпадот на градот. Имаме и проект за изградба на детски градинки во Тетово, опремени по најнови трендови, паралелно е планирано и етапно реконструирање на градинките, како и изградба на повеќе катни гаражи за решавање на горливиот проблем со метежот.
Досегашната градоначалничка, додаде тој, немаше слух да се изгради капелата на православните гробишта, но сега е вметнат овој проект во програмата.
Изградба на забавни детски паркови, игралишта и зелени површини, реконструкција на улици… Ова се само дел од предвидените проекти за следните 4 години кои ги вети Манојловски.
-На 15 октомври да покажеме дека знаеме кој е најдобриот избор, да го заокружиме бројот 13 за подобра иднина на сите нас, подвлече кандадатот за градоначалник на Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)