Носителот на советничката листа за општина Тетово од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски на денешниот митинг во тој град истакна дека оваа земја ја искрено ја сакаат оние кои се вложуваат несебично секој ден за нејзино подобро утро, за напредок и просперитетна иднина.
-Сите знаеме со колку тешкотии и проблеми се соочивме и изборивме за да ја одржиме Македонија слободна и независна. Можеме да ја покажеме својата љубов кон нацијата со тоа што ќе се обединиме околу една цел, а таа цел е слободна и независна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш својата сила ја црпеше од волјата на народот кој 10 пати по ред ја даваше довербата. Уште еден начин да покажеме љубов кон нашата земја е да работиме за нејзниот раст и развој, да преземеме ефикасни мерки за подобрување на условите за работа за нашите земјоделци, поквалитетно образование на нашите ученици и студенти, создавање на поволна клима за привлекување на нови инвеститори, подобар живот на пензионерите и да ја направиме нашата општина подобро место за живеење, истакна Велјановски.
Посочи дека ние во моментот живееме во независна држава, за разлика од македонските великани, потенцирајќи дека нивниот придонес за денешната независност е огромен и не може едноставно да се сумира со зборови.
-Тетово е жив сведок за нескршливиот македонски дух кој опстојува и покрај сите премрежја околу него. Историјата ги исковала тетовчани во силни горди луѓе, Македонци пред се. За жал денес се соочуваме со политичка гарнитура која ја узурпира власта и гледаме дека не ги интересираат националните интереси и историјата на нашата држава. За СДС интересите за Тетово и нас како Македонец не се ни на дното на нивната листа на проекти. Уште полошо дека својата незаинтересираност за Тетово ја искажаа со тоа што немаат кандидат за градоначалник, нагласи Велјановски.
Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ креираше програма за Тетово која ќе ги реши најгорливите проблеми за сите граѓани. Тој рече дека таа е добро обмислена и оти нуди конкретни решенија.
-Нудиме развој и просперитет во економијата, инфраструктурата, социјалниот аспект на живеење, а особено во заштитата на животната средина. Ние Македонците во Тетово треба да сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме зашто промените најболно ги чувствуваме. Пред нас имаме должност да го сочуваме Тетово, потенцира Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)