С.Б (27) од скопско Чичино Село вчера во 23.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека нејзиното 11-годишно дете на 25 септември 2017 на последна автобуска постојка во село Сарај, било пресретнато од три лица од кои едното од нив претходно го познавала.
Тие биле со возило, по што детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата. Потоа го носеле детето на неколку локации во градот за да питачи. Вчера повторно го однеле во близина на „Веро Џамбо“ со цел да питачи, но во еден момент детето го забележало неговиот татко и се стрчало кон него, а лицето кое го донело се оддалечило во непознат правец. Во врска со настанот приведен е Ќ.К.(60) од Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.