| четврток, 6 декември 2018 |

Црна недела, нова трагедија: 30-годишна родилка почина во Тетово, бебето преживеало

Триесетгодишна родилка починала во тетовската болница, а бебето преживеало и е пратено на Детската клиника во Скопје.

– Во тешка состојба синоќа е донесена родилка од Желино со висок крвен притисок. Веднаш и е дадена соодветна терапија, но пациентката паднала во кома. Колегите успеале да го извадат живо бебото, изјави н ачалникот на Гинеколошко одделение при Клиничка болница Тетово, доктор Нагип Руфати.

Појасни дека биле повикани дополнителни медицински екипи анестезиолози, интернисти и други специјалисти, но и покрај   многубројните обиди тие не успеале да ја реанимираат пациентката.

На родилката ова и била втора бременост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top