Зоран Башановиќ и Александар Обрадовиќ, лицата кои Република Србија ги терети за криминал, а македонската влада ги прими и им даде функции, се наоѓаат на избирачкиот список и на локалните избори ќе имаат право на глас – открива Телевизија Нова, во анализата насловена “Стар список со нови гласачи – Молчат чистачите на фантоми“.
-Зоран Башановиќ или Алесандар Обрадовиќ. Двајцата се сега, според избирачкиот список, гласачи во Центар, на исто избирачко место, заради тоа што и двајцата се на иста адреса, улица и број, но во различен стан. Барањето по адреса, пак не ги набројува и овие двајца. – открива ТВ Нова.
Нова потсетува и на изјавата на заменик претседателката на СДСМ, а денес министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која лицитираше со наводни 300.000 сомнителни гласачи. Истите тие гласачи и сега се наоѓаат на избирачкиот список, а бројот на гласачи е и зголемен.
– Замискете после проверките на избирачкиот список се покажа дека над 330.000 гласачи во избирачкиот список се сомнителни. Со тоа се потврди сето она што го зборувавме во изминатите недели и месеци, а тоа е дека без чистење на избирачкиот список македонските граѓани нема да имаат верба во изборите. – изјави Шекеринска.
Нова потсетува и на протестите за наводно нечист избирачки список кои беа организирани од најразлични невладини организации. и за тоа дека истите организации кои претходно ги вадеа имињата на сите нови државјани кои добиле право на глас, сега молчат.
Денеска оние организации кои ја предводеа сета операција веројатно имаат забелешки но, за разлика од лани, се тивки и без јавна и јасна демонстрација. Ако до лани се бунеа што можност на парламентарните избори има и луѓе кои заради државјанството се стекнале со право на глас, сега не им е важно што право на глас имаат на пример, новите Македонци, на пример новите Македонци пријатели на Зоран Заев.
-Сега веќе на никој не му пречи што повторно се споени гласачите од посебениот (фантомски) список. Сега нема реакција иако на ИС има рекорден број гласачи до сега. Според ДИК во список се запишани 1.814.644 гласачи, од кои над 77 илјади се привремено во странство. За споредба на список на 11 декември 2016 имаше 1.784.416 запишани гласачи. – анализира ТВ Нова.
Нова потсетува дека лани, поради наводно нечистиот избирачки список парламентарните избори беа одложувано во два наврати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.