| четврток, 6 декември 2018 |

Политичкото насилство продолжува – искршен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Моша Пијаде во Кавадарци бил пријавен вчера претпладне во Полициската станица во градот.  Како што извести МВР, стаклото било искршено со камен во периодот од завчера вечерта до вчера наутро. По сторителот се трага.

Во кампањата која трае помалку од една недела, ова е трет ваков случај. Претходно беше демолиран штабот на Демократската партија на србите која е дел од коалицијата „За заедничка Македонија“, а во Кавадарци  на автомобили беа лепени налетници кои неможат да се одлепат и го оштетуваат возилото.

Ниту еден од случаите не е расветлен од МВР и министерот Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top