Основачот на организацијата „Викиликс“, Џулијан Асанж смета дека ситуацијата околу каталонскиот референдум за независност може да се оцени како прв светски случај на интернет војна.
Асанж на Твитер напиша, дека „првата интернет војна во светот започна во Каталонија, каде народот и регионалната влада го користат интернетот за организирање на референдумот за независност закажан за утре. Додека Каталонците се организираат, шпанските специјални служби напаѓаат, како на пример, ги стопираат телекомуникациите, цензурираат стотици сајтови, протоколи (за пренос на податоци) и друго“. Според Асанж, ова е еден од најголемите конфликти во Европа меѓу луѓето и државата од падот на Берлинскиот ѕид. Мадрид го смета закажаниот за утре референдум за незаконски и уверува дека тој нема да се одржи. Каталонските власти, сепак, се убедени дека гласање ќе има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.