| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Ураганите се последица на климатските промени

Џулијан Асанж во неколку објави на Твитер посочи дека ураганите, особено тие што сега пустошат низ Америка, се последица на климатските промени токму поради една едноставна причина, а тоа се повисоките температури на водата во океаните што предизвикува да дојде до посилни струења во судир со ладниот атмосферски воздух.

Асанж посочи истражување на NOAA каде се детектира феноменот на климатските промени предизвикани од емисијата на штетните јаглеродни гасови, како и на зголеменото загадување на планетата.

Главната причина поради која Асанж ги објавува овие твитови е да ги демантира негаторите на климатските промени кои се претежно дел од нафтеното лоби и водат силна кампања дека во овие природни катастрофи човековото влијание е недокажливо.

 

извор:фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top