| четврток, 6 декември 2018 |

Докторите мислеле дека е луда се додека не нацртала часовник – Тогаш ја дознале вистината за Сузан (Видео)

 

Американката Сузан Калахан живеела нормален и стабилен живот во Њујорк, како и многу други свои сограѓани. На свои 24 години работела како новинарка во „Њујорк пост“, имала момче и скромен стан кој го купила со финансиска помош од нејзините родители.

Животот и бил во ред, се додека наеднаш нешто многу чудно почнало да и се случува со нејзиното расположение и емоции, а за кратко го добила и првиот напад. Како што минувало времето, нападите и станувале се почести, а докторите мислеле дека полека го губи разумот и дека „мозокот и е на оган“.

Таа скоро цел месец била вистинска мистерија за докторите. Невролозите не можеле да најдат што е проблемот со Сузан, а психијатрите и констатирале биполарно пореметување, па и препишале лекарства.

За нејзина среќа, еден од лекарите во болницата каде била сместена, Др. Нахар и рекол да направи едноставен тест, да нацрта часовник. Кога Сузан ја завршила задачата, докторите биле зачудени од резултатот, бидејќи сите броеви биле на едната страна од кругот.

Ова на Др. Нахар му дало до знаење дека само едната страна од мозок и е зафатена и проблемот не бил психолошки, туку невролошки, па затоа можело да се реши.

Сузан ја имала болестат НМДА што предизвикувало нејзините анти-тела да и го напаѓаат мозокот, поради што можела да умре по некое време. Др. Нахар буквално ја спасил и најдобро од се, успеал во целост да ја опорави. Сега Сузан води живот без никакви последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top