Омраза, гнев, навреди, измислени непријателии омаловажувања наместо презентирање програми и решенија за секојдневните проблеми на граѓаните – вака изгледа предизборната кампања за локалните избори на владејачката СДСМ.
Од она што го нуди на митинзите, очигледно е дека СДСМ заборавиле дека се на власт, а не во опозиција. На локалните избори граѓаните бираат градоначалници и локална власт кои ќе им ги решаваат основните инфраструктурни проблеми, но наместо со понуди за решавање на локалните проблеми СДСМ како единствена понуда нуди дискредитација на опозицската ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашниот митинг на СДСМ во Гостивар, заменик-претседателката на СДСМ и министер за одбрана Радмила Шекеринска, изјави дека на претсетојните избори не се бира градоначалник туку се сопира владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
–Ова не се обични општински избори за совет и градоначалник, бидјеќи Македонија повторно решава за својата иднина дали ќе се развива и ќе има европска иднина или ќе се врати назад како изолирана држава. Затоа секој глас е важен за тоа кој ќе раководи со советот и со општината, но и за да им се каже на истрошените политичари од изминатите 11 години дека Македонија сака заедничка иднина без кавги и поделби, порача заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вечерашниот митинг во Гостивар.
Шекеринска се осврна и на слоганот на ВМРО-ДПМНЕ, кој гласи „”Секогаш работа, секогаш Македонија“, според неа, овој слоган покажувал дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не правеле се, но не за живот во Македонија.
–Со слоганот покажа дека 11 години правел се, но не за живот во Македонија, туку сеел страв и носеле корупција и криминал и заота сега бараат доверба од граѓаните за да ја заштити својата слобода и криминалот и корупцијата кој ги направил. Ние не сме ни судии ни обвинители, но во следниот период ќе покажеме дека законот е еднаков за сите и важи за сите, а криминалот ќе носи одговорност. Нивната ера заврши и на 15 октомври ќе покажеме дека Македонија тргна напред и оти враќање назад нема – рече заменик-претседателката на СДСМ.
Се поставува прашањето како тоа „Секогаш работа, Секогаш Македонија“, не значи живот?
Со измислени непријатели постојано се бори и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Скопје, Петре Шилегов, кој отиде до таму, што при потпишувањето на повелбата за фер избори не им посака среќа на останатите кандидати, иако тоа е џентлменска пракса која се користеше на сите изборни циклуси до сега.
–На останатите кандидати не им посакувам среќа на престојните избори, бидејќи најискрено се надевам дека граѓаните ќе одлучат да направат промена и она што му се случуваше на Скопје и на останатите општини повеќе никогаш нема да се повтори – рече Шилегов.
Шилегов во телевизиско интервју изјави дека Скопје немаа потреба од булевари и улиците треба да се стеснуваат. На партиските митинзи пак, тој наместо да ги презентира идеите за решавање на проблемите на скопјани, чија доверба ја бара, најавува ослободување од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во опозиција.
Шилегов ги помеша изборите и противкандидатите: На локалните ќе се ослободува од Груевски (ВИДЕО)
–Од овде ќе ја започнеме конечната битка за дефинитивно конечно ослободување на нашата земја од режимот и диктатурата на Никола Груевски. Изборот на овие локални избори е едноставен – или сте за Никола Груевски или сте за Македонија, рече конфузниот Шилегов.
Доколку се следат настапите на митинзите на премиерот Заев, како да заборавил дека тој владее со Македонија, а не Никола Груевски. Неговата патолошка потреба да се пресметува со Груевски оди до таму што наместо на граѓаните да им понуди програма за локален економски, културен и инфраструктурен развој тој на митинзите се заканува дека лидерот на опозицијата ќе го прател во затвор.
–Од премиер Никола Груевски се сторил градоначалник. Нему местото му е градоначалник во „Идрзиово“ – рече Заев при неговата посета на Гази Баба.
–Со овие избори ќе биде извршен политичкиот погреб на Груевски. Со што ли не се обидоа да ги спречат промените. Ќе ве потсетам на 27 април каков срам се случи во храмот на деморкатијата. Еве нè напред во слободна и перспективна Македонија. Ве повикувам, немојте да ме напуштите, следете ме оти се работи за вашиот Аеродром, за моето и вашето Скопје, за Република Македонија – рече Заев на митингот на СДСМ во Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.