| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во парламент: Летаа столици, се тепаа со микрофони (Видео)

Втор ден има тепачка во Парламент во Уганда затоа што со промени на Уставот ќе му се овозможи на актуелниот претседател, Јовери Мусевини да се кандидира и по навршување на 75 години.

Според постоечкиот Устав, тоа не е можно за луѓе кои имаат над 75 години.

Мусевини кој сега има 73 години, а владее од 1986 година се соочува со критики дека владее авторитарно и дека е неуспешен да се справи со корупцијата.

Промените на Уставот кои треба да се направат поттикнаа реакции на активисти, партии и верски водачи.

Во тепачката најмалку две пратенички колабираа.

Над 25 пратеници беа насилно исфрлени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top