Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ ќе мора да паузира околу 15 дена од фудбалските терени, откако го истегнал бутниот мускул на загревањето во пресрет на мечот меѓу Јувентус и Олимпијакос во Лигата на шампионите. Тој се повреди пред самиот старт на натпреварот, па тренерот Масимилијано Алегри му даде шанса на младиот Уругваец, Родриго Бентанкур.
– Миралем Пјаниќ ги мина медицинските тестови, а тие покажаа дека има повреда на бутниот мускул, заработена на загревањето пред мечот со Олимпијакос во ЛШ,објави Јувентус на својот официјален сајт.
Ова се многу лоши вести за репрезентацијата на Босна и Херцеговина која ќе остане без еден од своите најдобри фудбалери за престојните натпревари против Белгија и Естонија од квалификациите за светското првентство во Русија 2018.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.