| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за кичевецот што пукаше во три лица

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (58) од с. Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ (чл.123, ст.3 а в.в. со чл.19 од КЗ на РМ) и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

– На 28.09.2017 година во 18.40 часот, на бул. „Ослободување“ во Кичево, со намера да ги лиши од живот, од  пиштол марка „Сиг Сауер“ калибар 9 милиметри, што нелегално го поседувал, пријавениот пукал кон лицата А.А. (40) од с. Србјани,  кичевско, Д.А. (58) од Кичево и Ш.Д. ( 54) од с. Грешница, кичевско. Тие со повреди биле пренесени во Општата болница во Кичево, по што А.А. (40) и Д.А.(58), поради сериозноста на повредите биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Повредениот Ш.А., по укажаната помош во болницата во Кичево, бил пуштен на домашно лекување, стои во соопштението од СВР Охрид.

Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кичево извршиле увид на местото на настанот. Притоа, пронајдени биле чаури и други предмети, кои биле подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. работи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top