Кинематографери, продуценти и актери од Австрија, Италија и Унгарија, денеска говореа за своите филмови кои публиката имаше можност да ги погледне како дел од програмата на фестивалот, а ги објаснија и предизвиците на кинематографијата во своите држави.
Унгарскиот филм од главна компетиција „Месечината на Јупитер“, кој раскажува интересна приказна за бегалец кој се стекнува со моќ за левитирање, предизвика голем интерес кај публиката, со оглед на општествениот аспект на темата со бегалците Кинематограферот Марсел Рев, на денешната прес конференција објасни дека сценариото за филмот всушност било напишано цела година пред да се случи бегалска криза, а сплетот на настани кои следеле во Унгарија, само придолнеле кон актуелноста и популарноста на филмот.
За техничкиот дел со снимањето, кинематограферот објасни дека предизвик било да се снимаат сцените каде што главниот лик левитира, па морале да снимаат со кран.
-Се трудевме секоја од сцените со летање да изгледа поразлично и тоа беше главниот предизвик на снимањето. Филмот е инаку во најголем дел снимен на 35 милиметри, освен во неколку сцени каде што беше невозможно тоа да се изведе и моравме да се префрлиме на дигитална технологија. Сакавме да креираме вистински источноевропски филм, во кој ќе се долови сета суровост.. а со 35 милиметри се доловува токму тој груб, валкан изглед- вели Рев.
Што се однесува пак до политичката тема, која веројатно најмногу ја интересираше публиката, Рев објасни дека се обиделе да ја прикажат мигрантската криза од повеќе аспекти.
-Кога живееш во непосреден допир со бегалската криза, ги гледаш обете страни на ситуацијата. Сфаќаш дека за некои луѓе тој прилив на мигранти делува страшно, посебно во економски послабите држави, а и Унгарија како држава постојано ги подгрева тие стравови кај луѓето. Од друга страна пак, човечка одговорност е да им се помогне на тие луѓе кои побегнале од страшна војна – рече Рев.
Карин Шифер од Австрискиот филмски центар, заедно со кинематограферот Мартин Гешлахт ги објаснија предизвиците за филмската индустрија во Австрија.
Карин Шифер која се занимава со промоција на австриските филмови и нивно пласирање на светските фетивали, истакна дека за жал понекогаш е полесно да се допре до странскиот пазар, отколку до домашната публика, која е многу помалубројна.
-Фестивалите се неминовни во процесот на промоција на нашите филмови. Тие скоро едиствените места каде што може да се добие видливост за условно речено, помалите филмови. За австриските филмови полесно е да се постигне интернационален успех, отколку да се популаризираат на домашниот пазар. Тоа е едно од прашањата за кои бараме решение – вели Шифер.
Мартин Гешлахт пак, кој работи и како продуцент покрај неговата основна вокација како кинематографер, истакна дека австрискиот пазар е доста специфичен.
-Австрискиот пазар е многу мал. Неизводливо е еден филм да се направи и да се пласира само во Австрија. Друг проблем е што Германскиот пазар не ни е достапен, поради јазичните разлики, нашите филмови таму треба да одат со превод и тоа е исто така големо ограничување – објасни Гешлахт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки