| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Јовановски на средба со организацијата „Лидија – срце што чука“

На средбата, како особено важни беа истакнати заложбите за зголемувањето на наталитетот во Република Македонија. Јовановски потенцираше дека општината секогаш ќе биде отворена за соработка со младите родители на територијата на Центар, преку најразлични финансиски стимулации и проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сегашните и идните млади родители

Улогата на жените во политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ е од огромно значење. Токму затоа, денес, кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Дејан Јовановски, заедно со кандидатот за советник Јована Мирческа, остварија средба со Светлана Јованова, директор и претседател на организацијата „Лидија – срце што чука“ и потпретседателот Александра Петровска психолог и советник во организацијата.

На средбата, како особено важни беа истакнати заложбите за зголемувањето на наталитетот во Република Македонија. Јовановски потенцираше дека општината секогаш ќе биде отворена за соработка со младите родители на територијата на Центар, преку најразлични финансиски стимулации и проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сегашните и идните млади родители.

Истакна и дека општинската администрација ќе посветува посебно внимание на заштитата на правата на жените и заедно ќе се бори во реализацијата на нивните основни слободи и права.

– Секоја жена заслужува и има право да биде добро информирана кога станува збор за вредноста на животот и правото на бебето да биде родено. Ние сме овде за да разговараме со нив за пренаталниот развој на детето, за процедурите на абортусот како и ризиците и можните последици од него, за родителството и за помошта која им е на располагање доколку жената е сама и без поддршка од партнерот. Исто така нудиме и советувања во текот на бременоста, информации и советувања во врска со контарцепција и сексуално преносливи инфекции, апстиненција како и едукативни предавања за тинејџери – велат од „Лидија – срце што чука“, поздравувајќи ја иницијативата за ваква средба на која можеа отворено да разговараат за проблемите со кои се соочуваат жените во општина Центар.

Се заблагодарија и потенцираа дека се позитивно изненадени од можноста пред Јовановски да изнесат идеи и проекти кои во иднина може да станат дел од програмата за работата на Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top