| четврток, 6 декември 2018 |

Ајфеловата кула го пречекува 300-милионитиот посетител

Ајфеловата кула денеска, со низа концерти ќе го пречека 300-милионитиот посетител од своето отворање во 1889 година досега.

– На приземјето ќе има тапани, на вториот кат амбиентот ќе биде џезерски, а на врвот на кулата атмосферата ќе биде романтична, со трио флејти. На секој половина час, се до полноќ, ќе има специјално „лајт шоу“, соопшти компанијата СЕТЕ, којашто управува со кулата.

Ајфеловата кула е еден од најпопуларните споменици во светот, а само минатата година привлече повеќе од 5,8 милиони туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top