Иако сите кандидати за градоначалници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, очигледно истиот од страна на СДС не се почитува, велат од ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
– Оваа кампања ја започнавме чесно без црни сценарија,говор на омраза и согласно сите прописи. И покрај сите навреди и измислици упатени кон нашиот кандидат Митко Јанчев, ние сепак продолжуваме да работиме позитивно и да испраќаме позитивни пораки. Сакаме да Ве известиме дека членови на СДС најверојатно ноќеска со лепак кој тешко се вади на вашите автомобили лепеле покани кои се однесуваат на вечерашниот митинг. Очигледно останавте без идеја и мотив за кампањата која ја водите па единствена цел ви е да не попречувате во нашата работа и мотивираност, во тоа нема да успеете. Уште еднаш Ве исвестуваме доколку наидете на покани излепени по вашите автомобили истите се лепени од членови на СДС. Иако сите кандидати за градоначалници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, очигледно истиот од страна на СДС не се почитува.Оваа анти-кампања е во целост спротивна од Кодексот за фер и демократски избори кој Бетијан лично го потпиша, се вели во обраќањето на Александра Михова од изборниот штаб на кандидатот за градоначалник Митко Јанчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)