Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од ВМРО – ДПМНЕ Горан Манојловски денеска на прес – конференција пред зградата на локалната самоуправа укажа на, како што рече, несовесното работење на актуелната градоначалничка Теута Арифи во раководењето со општината и јавните претпријатија во нејзина надлежност.
– Деновиве се врши интезивно чистење на јавните површини низ Тетово за што се ангажирани повеќе нови работници. Ако навистина има нови вработувања и финансиски средства, Арифи треба да одговори кои се, од каде се и врз која основа се ангажирани. Бараме и јавен одговор зошто во истиот момент општина Тетово доцни со исплатата на платите за повеќе месеци во јавното комунално претпријатие Тетово и во градски паркинзи. Тетовци нема да го заборават индолентниот однос на градоначалничката Арифи и нејзиниот кабинет во изминатите четири и пол години. Ваквиот начин на работа претставува потценувачки пристап кон граѓаните на општина Тетово и грубо кршење на изборниот законик, рече Манојловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?