| четврток, 6 декември 2018 |

Владата на СДСМ создаде 200.000 стечајци, помогна на 900

Едно од главните остварувања со кои постојано се гордее и рекламира владата на СДСМ е тоа што донесе нов закон со кој на дел од стечајците ќе им се доделуваат 7.596 денари месечно.

Официјално, според статистиките на владата се работи за околу 3000 лица, но реалната бројка е многу помала. Користењето на стечајците во рекламни кампањи од страна на СДСМ налета на жестоки реакции на социјалните мрежи. Граѓаните реагираат на тоа што партијата која создаде 200.000 стечајци за време на традицијата сега, за маркетиншки побуди, ги злоупотребува оние 900 на кои ќе им се дадат по 7596 денари месечно.

„СДСМ помогна на 900 стечајци, а создаде 200 000…  Тоа е лицемерието на @SDSMakedonija се рекламира на маката на луѓето кои тие ги создадоа. – пишуваат граѓани на Твитер.

Најголем дел од стечајците кои ќе добијат надоместок од Владата, се дел од групата на Лилјана Георгиевска од Куманово, која со години соработуваше со СДСМ и ги носеше на митинзи партијата истите оние стечајци кои беа оставени без работа од СДСМ.

И не е само „Кожара“, во време на СДСМ во Скопје се затворија фабриките „Славија“, „Рудници и железарница Скопје“, „Треска мебел“, ФАС „11 Октомври“, „Алумина“, „Стаклара“, „Газела“, „Црвена звезда“ Скопје, „Хемтекс“, „МЗТ“, „Комуна“, „Циглана“, „Центро“, „Типо“, „Стаклара“…

Се затворија и многу други фабрики низ цела Македонија, се затвори „Чик“ Куманово, „Порцеланка“ Велес, рудникот „Злетово“, „Бентомак“ Крива Паланка, „Силика“ Гостивар, „Анска Река“ Валандово, „Предилница“ Битола, „Жито“ Битола,  „Злетово батерии“, „Киро Фетах“, „Микрон“ Прилеп, „Илинденка“, „Тајмиште“ Кичево, „Македонка“ Штип, „Руен“ Кочани, „Винојуг“ Гевгелија, „Отекс“ Охрид, „Етко“ Тетово и многу други.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top