Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска преку официјаната страница на Министерството за труд и социјална политика ја промовира партиската кампања на СДСМ за претстојните локални избори.
Според законите, ова претставува директно мешање на партијата и државата, затоа што страница која ја одржуваат службеници платени од буџетот да работат за министерството, промовира партиска кампања.
Токму мешањето на партијата и државата беше една од главните забелешки кои беа нотирани во извештајот на Прибе.
Примерот со страницата на Царовска е само еден од неколкуте во кои се забележува директна употреба на државни ресурси во партиска служба на СДСМ.
СДСМ деновиве грубо го прекршуваше изборниот законик во Струмица. Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.
Имено, изборните материјали во Струмица деновиве се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината. Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.
Изборните материјали на СДСМ за локалните избори, се разнесуваат низ општината во возилото, ставајќи го во функција на превоз за партиски потреби.
Иако е само втор ден од предизборната кампања, СДСМ веќе на големо ги крши законите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.