| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата тајна на Марјановиќ-Зока Митровиќ има син со Зоран?

Зорица Митровиќ(31), девојка на Зоран Марјановиќ(39), осомничен за бруталното убиство на сопругата Јелена(33), како змијата нозе, го крие идентитетот на таткото на својот четиригодишен син.

Зорица после апсењето на Зоран обелодени дека се во љубовна врска, а набрзо почна да се зборува дека татко на детето е токму Марјановиќ.

Сомнежот се зголемил после убиството на Јелена, кога Зорица се вселила со детето кај Марјановиќ, а посебно после изјавата на некои лица за фрапантната сличност меѓу наводниот татко и син.

Според зборовите на изворот на српски Телеграф, близок на Зорица, таа од првиот брак има ќерка, која живее со таткото, а мајка е и на момче(4) за чиј татко не се знае ништо.

Дали Зоран освен ќерката Јана и синот Урош има уште едно дете, засега не е утврдено, бидејќи никој од семејството не сака да дава изјави за медиумите.

Дали е детето негово истражува и полицијата, за која тоа може да биде можен мотив за убиство.

-Се е можно, па дури и тоа Зорица да го добила синот со Зоран во време додека тој бил во брак со Јелена. Таа порано зборуваше дека не може да го открие идентитетот на таткото бидејќи тој е во брак. Случајност или не и Зоран тогаш бил во брак. Инаку останав во шок кога го видов детето. Тој е копија на Зоран од времето кога имал 10 години. Толку личат што прво што ти паѓа на памет е  дека се татко и син-рекол изворот за српски Телеграф.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top