| четврток, 6 декември 2018 |

Тарчуловски: Проширување на „Борис Трајковски“ од Пинтија до влезот на Драчево

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, и носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, пред жителите на Кисела Вода го претставија својот план за економски развој на општината.

За да се унапреди економијата во оваа општина, неопходно е да се вложи во инфраструктурата. Затоа тимот на Тарчиловси предвидува проширување на бул. „Борис Трајковски“ од Пинтија до влезот на Драчево во делот на индустриската зона со што на инвеститорите ќе им биде на располагање унапредената инфраструктура. Исто така ќе се креира бизнис-инкубатор и ќе се спроведат бесплатни обуки за доквалификација на невработените лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top