Филмовите „Фелисите“, од главната компетиција за награди, снимен во Африка и „Ѕверот е се’ уште жив“ од документарната програма, денеска поттикнаа интересни дискусии со гоститите на Фестивалот за предизвиците на снимањето филм во Африка, како и комунистичкото минато турнато под тепих во Бугарија.
Филмот „Фелисите“ на францускиот режисер Алан Гоми, добитник на Сребрена мечка во Берлин, заедно со кинематограферката Селин Бозон даде интересен приказ на Африка, или како што би рекла и самата кинематограферка, ги урна клишеата и ни ја прикажа Африка во сурово и веродостојно издание. Таа на денешната прес конференција зборуваше за тоа каква авантура било снимањето во Африка.
-Се работи за филм во кој документарниот аспект и приказот на Киншаса е исто толку значаен колку и приказната. Работата на овој филм мене лично ми отвори нов, магичен свет. Во мојата кариера сум патувала во многу земји, но Африка е нешто незамисливо и посебно – рече Селин Бозон.
На француската кинематограферка најголем впечаток од снимањето и’ оставило преплетувањето на трите главни аспекти на филмот: документарниот, музичкиот и ноќното снимање во афричките шуми. Луѓето во Африка пак, се приказна за себе.
-Луѓето во Киншаса имаат сосем поинаков пристап кон камерата одколку европјаните, бидјеќи не им се случува често да се снимаат филмови таму. Затоа имавме несекојдневна можност да снимиме спонтани ситуации за време на сетовите – објасни Бозон.
Од миговите по кои ќе го памети снимањето во Африка, ја издвои приказната каде што главната актерка имала блиска средба со диво афричко животно Окапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки