| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: За СДСМ Македонија е веќе само територија, попис нема да има!

 

Уноверзитетската професорка Билјана Ванковска на нејзиниот фејсбук профил реагираше на одлуката на владата во Македонија да се направи регистар на население во кој врз база на податоците достапни на инситутициите ќе се впишуваат сите жители на државава.

Ванковска, на нејзиниот фејсбук профил објави дека оваа одлука јасно укажува дека во Македонија нема да има попис, затоа што доколку би имало ќе падне „Рамковна Македонија“.

„Сега јасно ви е зошто од зборот ПОПИС ги фаќа алергија? Бидејќи Македонија е веќе само територија, проектот ќе биде комплетен кога ќе воведат „регистар за население/стока“! Од укинувањето на концептот ПОПИС им зависи Рамковна Македонија, па затоа нема никогаш да го спроведат. Отиде Македонија… по ѓаволите!“ – напиша Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top