| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен станот на Љубиша Самарџиќ

Само една недела по погребувањето на Љубиша Самарџиќ, непознати разбојници го ограбиле станот на славниот актер и режисер.

Разбојниците украле голема сума на пари и накит, а меѓу другото и златниот часовник на Самарџиќ. Актерот тој часовник често го носел и за него имал голема вредност.

Грабежот се случил на 22-ри септември среде бел ден. Се верува дека грабежот бил испланиран и дека разбојниците добро знаеле што ќе пронајдат во станот. Тие се качиле на терасата, ја обиле вратата и влегле внатре додека немало никој.

Украдени се повеќе од 6000 евра во различни валути и голема количина накит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top