Проекцијата на филм во често на неодамна починатиот српски актер Љубиша Самарџиќ во југословенската кинотека за малку ќе била откажана, бидејќи се појавил само еден гледач, пишуваат медиумите во Србија.
Услов за прикажување на филмот се најмалку три купени карти, така што било неопходно било да се пронајдат уште двајца кои ќе сакаат да го погледнат филмот. За среќа, филмот на крајот бил прикажан.
Ревијата на филмови под наслов „Сеќавање на … Љубиша Самарџиќ“ (1936 – 2017) почна во неделата и ќе трае до среда, 4 октомври.
Публиката може да ги види филмовите од богатиот опус на Самарџиќ како што се „Битката на Неретва“, „Денови“, „Специјално воспитување“, „Авантурите на Боривоје Шурдиловиќ“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.