| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудската актерка Ева Мендез е ново лице на миризливиот бренд

Холивудската актерка Ева Мендез е новото лице на миризливиот бренд кој содржи блескав и жив цветно-овошен мирис, како и сензуален и заведувачки дрвно-цветен мирис, за бесконечни интригантни комбинации
Ако нашиот избор на облека е одраз на променливото расположение секое утро, зошто тогаш да не се искажеме себеси и преку мирисот, исто така? Со многу прекрасни, интригантни, секогаш променливи аспекти кои ја градат личноста на една жена, само еден парфем може да биде недоволен за да го искаже сето она што сме.
Авон ја слави мулти-димензионалноста на модерната жена со лансирањето на „Eve Duet“ – карактеристичниот двоен мирис. Двата мириси се дизајнирани да бидат во совршена хармонија, да се користат одделно или нанесени во слоеви заедно за да создадат бесконечни мирисливи комбинации и можности. Од блескавиот и жив цветно-овошен мирис, до впечатливиот и заводлив сензуален дрвено-цветен мирис, Eve Duet нé води на едно екпериментално патување, негувајќи ги контрастите и спротивностите кои ги поседува жената.
– Нашата цел е да го следиме чекорот и потребите на модерните жени и да им понудиме производ кој во секој сегмент ќе кореспондира со нивните потреби и желби. Токму затоа беше креиран Eve Duet, двоен мирис кој ќе им овозможи да бираат како ќе мирисаат тој ден, а воедно и да бидат еден вид на креатори на нов мирис преку тоа што ќе ги комбинираат двата парфеми, вели Дана Стојкова, национален менаџер за продажба во  Македонија и Црна Гора.
Ева е талентирана и прекрасна ѕвезда, светски позната по многуте различни улоги на модерна жена на денешницата. Од мајка на две деца, до успешна актерка, модна дизајнерка и претприемач, Ева ги воодушевува сите околу неа со нејзината забавна, храбра и впечатлива личност.
– Ми претставува огромна чест да соработувам со компанија која ги разбира и почитува жените толку многу години. Сакам да бидам креативна и да екпериментирам со различни изгледи во зависност од моето расположение, а можноста да се искажам себеси во потполна слобода и да ја славам мојата индивидуалност преку парфем е навистина забавно. Мирисите играат голема улога во мојот живот и сакам да ги испробувам различните комбинации на сензуалната и блескавата страна за да ги искажам моите различни расположенија, вели Ева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top