| четврток, 6 декември 2018 |

Кензо има нов парфем кој ја рефлектира неговата философија да се живее прекрасен живот

Кензо Такада го објави лансирањето на новата колекција парфеми Avon Life, кој ја рефлектира неговата философија да се Живее Прекрасен Живот. Главната состојка на парфемот – темјанушката, го отсликува чувството на постојана позитивност која лежи во срцето на креациите и личноста на Кензо Такада. Линијата содржи мирис за мажи и мирис за жени и ќе биде во продажба веќе од 1-ви октомври, 2016-та година.

Употребата на темјанушката му дава на мирисот слатка свежина. Одгледана на полињата во Египет и Грас, Франција, популарниот цвет е ценет поради неговите ливчиња, кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. Мирисот за жени, исто така, содржи и врвна, енергична, цитрусна врвна нота на бел чај и безвременска топлина на цветната, основна нота на цвет од ирис. Мирисот за мажи содржи силна зачинета врвна нота на црн бибер и топла, дрвна основна нота на кедрово дрво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top