Некои навики се инстинктивни, како онаа со прскањето на парфемот од внатрешната страна на зглобот и на вратот. Логиката, за да биде најдолготраен ефектот од парфемот, тој треба да се става таму каде телото има повисока температура. За такви се сметаат местата каде се чувствува пулсот. Но сепак, нема никакви научни докази за тоа.
Парфимирањето на зглобовите и вратот се само една традиција, која нема никаков ефект врз мирисот или интензитетот на парфемот, објаснуваат хемичари и козметичари. Според нив нема никакви докази за тврдењето дека, телото генерира повеќе топлина таму каде што се чувствува пулсот на човекот, што од своја страна може да го засили мирисот на парфемот.
Парфемот има посилен мирис, само ако местото на пулсирање навистина е потопло од другите делови на телото, а според кардиолог Џефри Шуслер тоа не е така.
Пулсот се чувствува таму каде што вените се поблиску до површината на кожата, но тоа нема да ја промени температурата на кожата, објаснува Шуслер. Целата оваа погрешна теорија се раѓа во почетокот на 20 век, пред да се појават парфемите со распрскувач. Во тоа време тие биле силно концентрирани и се продавале во шишиња со кристални капачиња и нивната употреба морала да биде со допирање на капачето на парфемот на зглобот и зад увото.
Во денешно време структурата на парфемите вклучува горен, среден и долен мирис. Кога ги мириса, човек прво го чувствува горниот дел, обично тоа се мирисите на цитруси или цвеќе. По неколку минути тие исчезнуваат и остануваат просечните,цвеќе, овошје и зеленило. Тие се задржуваат неколку часа. Мирисите од долниот дел, оние на мошус и бор, се најдолготрајни и се чувствуваат најдолго време.
Етеричните масла се со највисока концентрација, следат парфеми и тоалетни вода (колку повисока концентрација, толку се поскапи). Обично спрејовите имаат повеќе од т.н. топ мириси, додека рол-он и лосионите се долготрајни, но не се толку силни.
За да биде најефикасна употребата на современите парфеми, тие треба да се стават на надворешниот дел на мишката, во косата или јаката на кошулата, ако сакате навистина да имаат долготраен ефект.
Причината е дека маслата се впиваат во ткаенината и така им е потребно повеќе време да испарат. Внимавајте само со свила и други деликатни ткаенини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.