| четврток, 6 декември 2018 |

Манојловски: Збир на различни културни вредности споени во една – за подобро Тетово

Како кандидат за градоначалник на град Тетово и како човек, чија животна професија е да им помагам на луѓето, можам да ви ветам пред сѐ, целосна посветеност и вложеност во претстојните 4 години за Тетово да стане еден современ, урбанизиран град, со еднакви можности за сите, истакна Горан Манојловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Тетово.

Тетово е симбол на мултикултурно општество, место каде различностите се надополнуваат едни со други. Таква е и мојата визија за Тетово. Го гледам овој град како сублимат на различни културни вредности, споени во една – за подобро Тетово. Град, во кој различните визии се соединуваат во една – напредок, достоинство, просперитет на сите полиња на функционирање, истакна тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top