Пред над 2.000 карпошани, на првиот голем предизборен митинг на Граѓанската опција за Македонија, претседателот на ГРОМ и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, ја претстави новата програма и визија за понатамошен развој на општината.
Јакимовски истакна дека во изминатите два мандати како градоначалник на локалната самоуправа, секогаш неуморно работел за решавање на проблемите на граѓаните на Карпош и во многу домени, локалната самоуправа предничи дури и во европски рамки.
Тој ги потсети карпошани дека во општина Карпош грижата за најмалите е најважна. Од десет градинки, седум се комплетно реновирани.
Се гради нова во Бардовци, а за две нови веќе се распишани тендери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


