Денеска официјално ја започнуваме кампањата за најважните избори во независна Македонија, на овие локални избори не одлучувате само за себе, одлучувате и за своето семејство, маало, општина и за иднината на нашата држава Македонија која се соочува со најголемите предизвици во својата понова историја, истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.
-Започнува кампања која треба да ја водиме со висока демократска свест и висок демократски капацитет. Мораме да ги вложиме сите напори да кампањата биде фер и демократска како што и прилега на една општина со европски и интелигентен електорат. Општина Радовиш заслужува да биде град во кој младите луѓе овде ќе најдат просперитетна иднина и со отворање на нови работни места тие токму овде со своето образование ќе ја покажат својата стручност и квалитет. Радовиш ќе биде град со сите модерни урбани обележја, со чиста и безбедна вода за пиење, со депониран смет, подземни контејнери и со висока еколошка свест на своите граѓани, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.
Од таму потенцираат дека радовишани мора да живеат во здрава и безбедна животна средина, да имаат квалитетен воздух со многу зеленило.
-Радовиш во иднина ќе биде безбеден град на среќни и безгрижни деца со убави градинки, училишта, спортски терени, Радовиш ќе биде град на пензионери, спортисти, уметници и град во кои живееме сите ние и на секој начин придонесуваме за неговиот успешен развој, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


