Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека како и во 2013 година, така и сега ќе има позитивна кампања.
– Мојата кампања ќе биде афирмативна и ќе биде насочена кон Вас почитувани граѓани, ќе биде насочена и целна кон секого, кон вашите проблеми, проектите кои треба да ги реализирам врз основа на вашите барања во сите урбани заедници, на секоја улица, во секоја населба. Морам да кажам дека во претходните четири години покажавме кој е стандардот за да се биде градоначалник на град каков што е Штип, рече Захариев.
Тој истакна дека проектите што ги има сработено се доволен доказ за неговата работа, а одат и во прилог на тоа дека, како што вели, по 15 октомври ќе продолжи заедно со граѓаните да го развива Штип.
– Мојата политичка конкуренција воопшто нема да ме интересира, зашто знам дека мојата програма е онаа права програма која граѓаните на Штип ќе им овозможи градот навистина да биде европски град, да биде уреден, да биде зелен, чист град, со многу проекти, потенцира Захариев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.