Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција најави инфарструктурни проекти за викенд населбите Суитлак и Плуждино, чии сопственици веќе си ги легализирале своите домови.
Захариев вети дека околу 400 семејства кои живеат во овие викенд зони во наредните години ќе добијат водоводна и канализациска мрежа.
– Ќе ги асфалтираме сите улици и тоа во Сутлакот во правец кон Струмина чешма, потоа централната улица во Сутлакот, која е веќе ставена и поставена канализација. Проектот е веќе направен ревидиран, наскоро на оваа улица и ќе почне асфалтирањето и целиот оној дел кон Липовдол, каде имаме голем број убави објекти, бидејќи нашиот град веќе се шири во тој правец, поддршката од општината треба да биде искрена и коректна, вели Захариев.
Тој вети дека и околу 100 куќи во викенд населбата Плуждино ќе добијата водоводна и канализациска мрежа и ќе се асфалтираат и улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.