| четврток, 6 декември 2018 |

На минута по полноќ ВМРО-ДПМНЕ со собир пред комитетот во Охрид ја започна кампањата

Традиционално една минута по полноќ со собир пред општинскиот комитет на партијата во Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ го означија почетокот на предизборната кампања за локалните избори на 15 октомври.

-Заедно сплотени, единствени, мотивирани, со овации, песни и аплаузи, со весел и ведар како и насмевка на лицата, членовите и симпатизерите на партијата најавија голема победа уште во првиот круг. Пред големиот број присутни граѓани се обратија претседателот на ОК и носител на советничката листа д-р Кирил Пецаков, актуелниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски, велат од партијата.

На крајот беше упатена покана до сите граѓани за почетнииот голем митинг со почеток во 19:00 на Градскиот Плоштад „Св. Климент Охридски“.

„За неколку часа почнуваме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. Уште од утринава започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

извор:Охрид24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top