-„Сенки над Балканот“ прикажува необична приказна со многу досега непознати податоци за настаните на овие простори, ни рече вчера Томи Салковски, копродуцент на филмот.
Драган Бјелогрлиќ објасни дека периодот помеѓу двете светски војни му бил предизвик, а за потребите на филмот работел со историчари со цел подетално да ги осозне патиштата на опиумската мафија која функционирала на овие простори, а според него токму во тој период помеѓу двете светски војни се одвивале односите кои што кои ќе го дефинираат остатокот од 20 век.
-Работев со историчари од кои едниот ми беше косултант за руската тема, другиот за балканските патишта на опиумот и третиот за ВМРО, професорот Жежов од Македонија. Истражувајќи го тој период дојдов до неколку интересни приказни, за руската царска војска која во СХС фунцкионирала како своевидна паравоена формација- рече Бјелогрлиќ.
Игор Иванов – Изи e режисер на дна епизода од серијата објасни дека за него работата на филмот била интерсно искуство, бидејќи не бил на врвот на креативната хиерархија.
-Ова е проект во кој јас не сум на врвот на креативната хиерархија, бидејќи сериите така се работат. За мене ова беше интересно, затоа што на маниристички начин човек влегува во проектот по естетски параметри кои некој друг му ги поставил. Беше навистина супер бидејќи ја гледаш „партијата шах“ малку од страна и тоа дава други креативни можности- вели Иванов.
Тој исто така додаде дека Бјелогрлиќ како режисер ги следи трендовите, што е многу значајно.
-Она што за мене беше најважно е тоа што Драган Бјелогрлиќ воопшто не каска по трендовите и овој жанр кој што го обработува, овој историски трилер, е апсолутно актуелен. Она што за мене беше најфасцинантно е тоа што овој човек има свест за публиката на која и се обраќа, што е реткост. При тоа не мислам на истражувањата што денеска ги прават големимте дистрибутерски компании од западот, тоа е повеќе на ниво на талент и интуииција. По мое видување од таа свест, потекнува и анахроната и еклектична естетиката која Бјелогрлиќ ја воспоставува во овој серијал – вели Иванов.
Кинематограферот Иван Костиќ не беше присутен, но Бјелогрлиќ изрази големо задоволство од неговата работа.
-Жал ми е што директорот на фотографија Иван Костиќ не е присутен денеска со нас. Ова е негова прва самостојна работа, тој претходно работеше како помошник на директорот на фотографија на мојот филм „Монтевидео“. Приметив дека човекот има посебен поглед на работите и предлагаше доста интересни но необични, но конзистенстни кадри- вели Бјелогрлиќ.
Серијата е копродукција на Србија, Македонија, Русија, Босна и Херцеговина. Режијата е на Драган Бјелогрлиќ, сценариото на Даница Пајовиќ , Драган Бјелогрлиќ и Дејан Стоиљковиќ, кинематографер Иван Костиќ, монтажер Лазар Предојев, музиката е дело на Мањифико.
Продуценти се Драган Бујошевиќ и Драган Бјелогрлиќ, а копродуценти Томи Салковски и Сталбел Миалков.
Една вечер, Козакот Аљоша убива свештеник во една руска црква затоа што е сведок на грабежот кој го извршува. Младиот инспектор Станко е на својата прва работна задача, да го реши тоа убиство заедно со стариот инспектор и воен ветеран Андра Танасијевиќ…
Луѓето на Врангел, со база во Белград, офицерите Сорокин и Фјодор, сфаќаат дека од црквата е украден Врангеловиот реликт…
Движејќи се по трагите Андра оди во затворот Главњача да го праша својот воен пријател, македонскиот сепаратист Дамјан, кој му го кажува името на еден човек од бандата на Татко…
Аљоша ја посетува својата љубовница Виолета, и го покажува украдениот накит, кој таа обожува да го носи, но не смее да се појави во јавност со него, бидејќи така ќе биде откриен грабежот. Аљоша мора да бега пред нејзиниот маж да дојде дома. Тој е Јавен обвинител, кој пак има љубовница Маја, која е екставагантна жена од високите кругови на општеството….
Офицерот Сорокин пристигнува во Белград и му ги носи на генералот Врангел вестите од убиството и грабежот во црквата.
Во меѓувреме, во битолското село Буково на југот на поранешното југословенско кралство, во
Македонија, шефот на Македонскиот опиумски картел, Киро, ги чита вестите за Дамјановата пресуда и им наредува на своите луѓе да се подготват за пат за Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки