Организаторите на Скопскиот маратон подготвувaат нова трка во спортскиот календар на градот. Скопје трча 10КМ е изненадувањето кое се креира долго време и кое цели кон воспоставување на уште една спортска манифестација која ќе ги поткрепи темелите на спортот во Македонија и Скопје.
Скопје трча 10КМ ќе се одржи во недела, на 8-ми октомври 2017 година, долж улиците на главниот град. Со ова, организторите потенцираат дека сакаат да започнат нова традиција во одржувањето на уличните трки. Покрај Скопскиот маратон и Женската трка претстојната Скопје трча 10КМ е уште еден сегмент на промоција на спортскиот начин на живеење и сите доблести кои го следат овој животен стил.
Покрај трката на 10 километри ќе се одржи и штафетна трка на 2 х 5 километри. Во склоп на трката на 10 КМ интересно е да напоменеме дека ќе има и тимско натпреварување а со тоа компаниите очекуваме повторно да ги одмерат своите спортски сили.
Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K) се организира од страна на Сојуз на спортови на Скопје, Атлетски клуб Работнички и Атлетска Федерација на Македонија. Пријавувањето започна на 15.09. и секој кој е заинтересиран за регистрација може да ја посети официјалната веб страна: http://www.skopje.run/.
Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за Млади и спорт, помогната од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА), а од следната година е предвидено да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.