Со „Операта на шумските животни” во изведба на Македонската опера и балет (МОБ) од вечерва во Штип ќе стартува детскиот фестивал „Малиот принц“.
Фестивалот ке трае до 28 септември и според репертоарот треба да бидат одиграни шест театарски претстави.
Прва е Операта на шумските животни, тоа е МОБ, потоа следуваат МНТ со „Силјан Штркот“, Театарот за деца и младинци со „Гига Мега Бајка“ и на крајот „Маша и нејзината волшебна приказна“, според познатиот цртан филм со театар „Крик“ и „Јованче и Марика“ од Театар „Бабец“ од Битола.
Освен театарските престави за деца во рамките на фестивалот ќе има и театар на сенки, а оваа година ќе имаат и промоција на книга.
Во рамки на фестивалот предвидено е да се одржат работилници, каде што најмладата публика-децата ќе се запознаат со процесот театарска претстава, а истовремено ќе бидат организирани и литературни читања на дела од детски автори. Картите за претставите и оваа година остануваат по 50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Скопско лето 2017“: Викендов премиери на балетската претстава „Ла, ла, ла!“ и на детската претстава „Малиот принц“
-
Наскоро филм „Малиот принц“
-
Суд во Аргентина пресуди: „Малиот принц“ е терапевтско средство, разведените родители мора да им го читаат на децата
-
Книгата „Малиот принц“ прослави 70 години со изложба во Њујорк