На манифестацијата „Бела ноќ“ која оваа година ќе се одржи на 7 октомври, на плоштадот Македонија, со почеток од 21 часот ќе се одржи музички перформанс „Таго: Корејски тапан 2“, на фантастичните „Таго и АтоБИЗ“ од Сеул, Јужна Кореја, информираат од Младонски културен центар (МКЦ).
Спектакуларните Корејци настапуваат низ целиот свет, нивните перформанси се видени на сите континенти, на најпрестижните театарски фестивали во Европа и светот, а за нивната магична моќ најголемиот уметнички фестивал во светот (Edinburgh Festival Fringe) напиша: „Секоја секвенца е ремек-дело сама по себе“.
Ова гостување во рамките на „Бел ноќ“ НОЌ е во соработка со фестивалот Млад отворен театар (МОТ),односно во МОТ+ програмата.
Вкупно 30-ина актери, танцувачи, изведувачи и членови на оваа светска атракција, ќе нѐ почестат со свој 70-минутен перформанс, носејќи нѐ во сосема друг свет.
„Заборавете на стресот и вратете ја назад вибрантната енергија во вашиот живот. Одличен микс на корејски традиционални инструменти, почнувајќи од огромни тапани, до мали перкусии со доза на древни боречки вештини, чија цел е да го збогатат перформансот со динамични движења“ порачуваат од МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)