| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер го победи Скопје со 1-0 и го задржа прволигашкиот статус

Пелистер останува во Првата фудбалска Лига по денешниот триумф од 1-0 против Скопје во бараж мечот игран во Кичево. Голот на Димитровски во 68. минута им донесе радост на фудбалерите од Битола, кои остануваат во елитата.

Вториот бараж-дуел не го дочека крајот, поради напад на судиите од страна на фудбалерите на Дрита. Еуромилк водеше со 3-2 во Штип, а за нив беше досеуден и пенал, по кој имаше инцидент и атак врз арбитрите, па главниот судија Ѓорѓевски го прекина мечот. Тоа веројатно ќе значи дека Еуромилк за првпат во историјата ќе игра во Првата македонска фудбалска Лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top