Перо Антиќ, неодамна наполи 35 години се врати во Црвена Ѕвезда каде потпиша едногодишен договор, а во разговор за „Спортклуб“ открива дека претстојната сезона веројатно ќе биде последна во неговата кариера.
– Сега сум 12 години постар во однос на првото мое доаѓање во Црвена звезда. Преубаво е повторно да се биде во саканиот клуб, мислам дека ова ќе биде последна сезона во мојата кариера, баш како што посаквав да ја завршам во Црвена звезда. Во однос на мојот прв престој тука клубот се издигна на сите можни нивоа и се надевам дека ние ќе ги продолжиме успешните резултати, рекол Антиќ.
Крилниот центар уште еднаш потврди дека одбил неколку финансиски побогати понуди само за повотрно да го облече дреосот на Црвена звезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.