| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ Шења: Тетово и должи 2 милиони евра на компанијата „Хенкел“ за отпадот

Веќе четири години, Тетово одбива да и плати скоро 2 милиони евра на германската компанија “Хенкел”, која беше ангажирана за чистење на градот. Пријавата на телевизија Шења ја направил германскиот директор Карл Герстер, кој со години инсистира преку судски процес да докаже дека општината првично предводена од Сади Беџети, а потоа и од Теута Арифи, многу ја оштететила.

– Тогаш градоначалник беше Сади Беџети кој виде дека е можно да се исчисти градот со овој проект. Ние конкуриравме на отворениот тендер и го освоивме проектот. Ние ја запревме работата во март 2013 година, дури и по нашата жалба, општината не ни ги исплатилаќаше парите. Нето исплата за еден месец изнесуваше 80 илјади евра. Тогаш дојде до промена на власта. Во Тетово беше назначена за градоначалник Теута Арифи, која рече дека сè што сте имале со претходниот градоначалник не ја интересира, и дека има сопствена политика. Теута Арифи не обрнуваше многу внимание на долговите што ги имаше општината. Таа смета дека фирмата не ја завршила работата и ја запрела работата самата општина и не прифаќаше дека на нас не ни ги платиле парите за 2 месеци “, вели за ТВ Шења, Карл Герстер, директор на” Хенкел.

Во договорот што го доставил директорот на Хенкел, се гледа дека тој важи седум години, и дека само поради многу важни причини може да се прекине. Договорот го склучиле Јавно комунално претпријатие Тетово и Општина Тетово, со фирмата “Хенкел”, која треба да ги врши услугите под закрила на ЈКП Тетово, јавува споменатата телевизија.

Поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети, негира дека има потпишано седумгодишен договор со оваа компанија и одбива да признае дека не им ги платил парите на Германците. Тој уверува дека Министерството за екологија е оној кој наредил прекин на договорот со оваа компанија, бидејќи не е во согласност со законот за ангажирање на паралелна фирма со ЈКП Тетово. Но, сите овие одговори Сади Беџети не сакал да ги каже јавно, дури предупреди дека не смеат да го спомнувааат неговото име во никоја конотација.

– Тој конкурираше на општинско ниво. Тоа беше нелегално, но не сме знаеле. Потоа го прекинавме договорот затоа што Министерството за Екологија ни даде наредба дека немаме право да ангажираме друга компанија кога постои ЈКП Тетово … Сега се изборите. Не сакам никој да ми го спомнува името. Вие не можете да ми го злоупотребувате името сега пред изборите. Не сакам никоја од информациите кои што ви ги дадов да се употреби … Каде бевте пред четири години да ме прашате? “, изјавил Сади Беџети, поранешен градоначалник на Тетово за ТВ Шења.

Од друга страна, Општина Тетово молчи. Од телевизијата испратиле многу прашања на електронската адреса на општината и контактиравле со портпаролот на градот, но по два дена чекање, Теута Арифи не сакала да зборува за овој договор.

Германскиот режисер ја тужеше општината Тетово и сега е во второстепен Суд, но нема надеж дека може да се донесе фер одлука бидејќи познато е дека судиите назначени за случајот се луѓе блиски до ДУИ и Теута Арифи.

– Сите судии беа партиски, на ДУИ и Теута Арифи, па затоа беа против нас. Во 2014 година се обративме до Апелациониот суд во Гостивар, а потоа ни дадоа 100% право за нашите наводи. Но, кога случајот се врати повторно во Тетово, судијата беше роднина на Теута Арифи, а се викаше Абдула. Сега во 2017 година, овој судија повторно направи да биде виновната фирма. Ние сега по втор пат се жалевме во Апелациониот суд во Гостивар и знаеме дека и таму од три судии, двајца се ДУИ и се знае дека одговорот ќе биде негативен “, вели Карл Гестер, директор на” Хенкел “.

Tеута Арифи не одговорила ниту на овие обвиненија за влиаење врз Судството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top