| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ заплака додека даваше изјава: Жал ми е што загубив сила, нема врска, тешко е но ќе издржиме

Најдобриот играч на Србија Богдан Богдановиќ не можеше да ги сокрие емоциите по поразот од Словенија во финалето на Европското првенство.

На прашање колку тешко го поднесува поразот рече:

-Не ми е криво затоа што промашував, криво ми е што на крајот ја загубив силата… Нема врска, тешко е, но ќе издржиме. Тешко е да се зборува по пораз, иако и среброто е успех, но на тежок начин загубивме, криво ми е што немав повеќе енергија, изјави Богдановиќ кој натпреварот го заврши со 22 поени и беше најефикасниот во редовите на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top