| четврток, 6 декември 2018 |

Марјан Ристески: Заедно да продолжиме со проекти за подобра иднина

Марјан Ристески, актуелниот градоначалник на Прилеп е кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Ристески досега трипати ја извршувал оваа функција и сега по четврти пат ќе се обиде да ги освои гласовите на прилепчани.

– Во изминативе 12 години заедно со Вас Прилеп го направивме едно од најубавите места за живеење,заеднички ги решававме проблемите и се радувавме на успесите! Ви благодарам за довербата, за трпението,за идеите кои ми ги предочувавте овие 12 години, за сета помош во реализацијата на проектите за нашиот Прилеп.

Сега повторно благодарение на Вашата доверба и довербата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која постои и работи за доброто на сите граѓани во Република Македонија, со Вашата поддршка ќе продолжам да работам само и само во интерес на граѓаните на општина Прилеп.

На 15 октомври повторно одиме на сигурна победа! Бидејќи сите сме еден ТИМ,Прилеп е еден ТИМ,ТИМ кој знае само за победи,победи за поквалитетен живот.

Заедно ќе продолжиме да проектираме и реализираме за подобра иднина за нас и на нашите деца, ќе продолжиме да работиме отчетно и домаќински за современ и европски Прилеп!

Да сте живи и здрави,разумни во изборот и со добра мисла! – изјави Ристески.

 Марјан Ристески е роден на 20.02.1972 во Прилеп. Основно училиште и средно училиште завршил  во Прилеп. Студирал Економски факултет во Прилеп каде и дипломирал. Женет е со сопругата Фанка со која ја имаат ќерката Михаела.

Во периодот од 1998 до 2005 година работел како комунален инспектор во Локална самоуправа – Прилеп. Во 2005г. на Локалните избори е избран за градоначалник на Прилеп.

Во 2002г. бил претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Прилеп.

Од 2002 до 2013 година бил  член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Од 2005г. е член на Управниот одбор на ЗЕЛС во Македонија.

Од 2008 година е член на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Исто така е член на ЕУ – Македонски комитет за консултации.

На локалните избори во 2013г.  по трет е избран  за градоначалник на Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top