| четврток, 6 декември 2018 |

Меч кој семејството вечно ќе го памети: 16-годишниот Пелегри постигна два гола, татко му плачеше на клупата (Видео)

Џенова и Лацио синоќа одиграа еден супер-ефикасен натпревар со 5 гола, а ѕвезда на вечерта беше младиот бисер на домаќините, 16-годишниот Пјетро Пелегри кој два пати за затресе мрежата на „лацијалите“.

Пјетро Пелегри има само 16 години, а неговиот подвиг од клупата го следеше и неговиот татко, кој е асистент тренер на Џенова. Тој не можеше да ги скрие емоциите, па камерите го уловија како ги брише солзите радосници од своето лице.

Сепак, двата гола на Пјетро не беа доволно Џенова да освои бод против Лацио, кој со третиот погодок на Имобиле во самиот финиш на мечот ја обезбеди победата и ги постави конечките 2-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top